X
 04.05.2020 Образование

Холандски средношколци го поминале Атлантскиот Океан со брод за да стигнат дома

25 холандски средношколци со мало пловечко искуство во неделата го завршија прекуатлантското патување кое биле принудени да го направат поради пандемијата на коронавирусот.

Учениците, на возраст од 14 до 17 години, биле придружувани од 12 искусни членови на екипаж и тројца професори. Групата била на едукативно крстосување на Карибите кога пандемијата ја принудила да го смени планот за враќање дома во март.


Плановите за враќање се менувале повеќепати поради ограничувањата наложени од владите поради пандемијата. Според првиот план, учениците требало да се вратат дома со авион од Куба. Наместо тоа, тие купиле намирници и топла облека и тргнале на пат со брод до Холандија. Патувањето траело пет недели, а учениците поминале речиси 7.000 километри.

„Мастерскип“, компанијата која го организирала крстосувањето за учениците, организира пет едукативни патувања за околу 150 ученици годишно. Директорот на компанијата, Кристоф Мејџер, изјавил дека компанијата ја проверила здравствената состојба на учениците во март. Според него, добро е што учениците лесно се адаптирале на животот на море и продолжиле со образованието во текот на патувањето.

Автор: Александар Фуртула
Извор: apnews.com Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование