X
 30.11.2015 Живот

Месечен хороскоп за декември 2015 година

На 23 ноември сонцето влезе во знакот на Стрелец, кадешто му се придружува на Сатурн во Меркур. Што ѕвездите и планетите имаат да кажат овој месец?

 

mesecen

Овен


Работа - Промените кои веќе долго време ги посакувате, наскоро ќе можете да ги спроведете. Потребно е да повлечете уште неколку потези, пред да одлучите што и како понатаму во кариерата. Марс е во Вага, такашто овој месец и не е баш поволен за реализирање на плановите.

Љубов
- Конечно можете да бидете емотивно задоволни, на секој чекор ви следуваат комплименти, го привлекувате вниманието на спротивнот пол каде и да се појавите. Долго време мечтаете за врска од соништата и сакате да се заљубите, па искористете го тоа што Венера се наоѓа во Марс во вашето поле на партнерство. Ако сте ја прекинале врската, можете да ја обновите на 14 декември, но и понатаму постои проблем со комуникацијата.

Здравје - Засилена нервоза и склоност кон повреди.

Бик


Работа - Надредените од вас многу очекуваат такашто имате впечаток дека се постојано незадоволни. Повеќе од никогаш посакувате промена на работното место, очекувате конкретни предлози и тоа преку пријателите. Вашиот владетел на кариерата и успехот Сатурн, во овој период прави поволни аспекти со Венера, па можете успешно да го реализирате она што подолго време го планирате.

Љубов - Итно морате да донесете одлуки во врска со емотивниот живот. Ако сте во брак, избегнувајте конфликти, партнерот е непромислен, а вие тоа го толкувате како тврдоглавост и себичност. Биковите кои се во паралелна врска треба да се чуваат бидејќи може да бидат откриени. Размислувате за врска со атрактивна и страствена личност, со која веќе некое време сте во контакт.

Здравје - Немате време за спиење, повремени главоболки и стомачни тегоби.

Близнаци


Работа
- Во втората половина на месец декември, кога Меркур си оди од Сатурн, побарајте подобро решение за вашата состојба на работа бидејќи тогаш ќе пристигнат и нови понуди. Можен е прекин на соработката со некои луѓе, бидејќи не сакате повеќе да поправате туѓи грешки. Обрнете внимание на озборувањето на работното место, бидејќи тоа може да ви предизвика проблеми.

Љубов - Незадоволни сте со љубовните односи, ви се насобраа многу работи и сакате да знаете на што сте во врската. Ако партнерот нешто наскоро не преземе, тогаш одлучете да преземете различен став. Сте ги обновиле односите со некои луѓе од минатото, такашто тоа ви помогна да сфатите што сакате. Некои Близнаци се во искушение да влезат во тајна врска и да флертуваат.

Здравје
- Во првата половина на декември склони сте кон повреди поради невнимание.

Рак

Работа -
Повеќе ќе бидете на патување отколку во фирмата поради професионални обврски, а во овој период може да се случи и да морате да ја преземете работата на колегите кои се отсутни. Полесно ќе ви биде после 5 декември кога ќе добиете помош од соработниците. Сепак, бидете внимателни кога станува збор за доверливи ситуации некој да не ве измами или да си игра со вашата доверба.

Љубов
- Почетокот на декември не донесува убави вести, можете да се разочарате во врска со една личност. Втората половина на месецот ќе биде доста поубава, ќе запознаете нови луѓе, повеќе ќе излегувате и ќе се дружите. На љубовен план работите штотуку започнуваат да се случуваат. Ви претстои средба со личност која има изразена црта на хуманост или и` е таква работата.

Здравје - Чувствителни ви се грлото и синусите.

Лав

Работа
- Ви претстои период на стабилизација на работен план, иако се`уште постојат кочници кои ве спречуваат, осомено ако зависите од женска личност. Комуникацијата со соработниците е отежнувачка, а несогласувањата предизвикуваат уште поголеми проблеми. Сепак, втората половина на декември донесува пресврт, нови можности и проширување на соработката со луѓе од други места и стари партнери.

Љубов - Ако сте во врска или во брак, во овој период ќе се посветите на партнерот и семејството. Тоа ќе ви биде приоритет иако тоа не го покажувате секогаш. Можни се проблеми во семејството поради што ќе морате да го скратите списокот на работни обврски. Исто така ве очекуваат средби и посети на роднините и пријателите во ноември и декември.

Здравје
- Проблеми со циркулацијата во зглобовите.

Девица


Работа - Се исцрпувате, позитивниот став може да ви помогне да го пребродите уморот или лошата здравствена состојба. Сконцентрирајте се и усогласете ги активностите, тешко ви е бидејќи имате премногу обврски, не знаете што да направите попрво. Ако ве нервира колегата, шефот ќе го стави на своето место. Ако работите со партнер, интересите ви се спротиставуваат и може да дојде до прекин на заедничката работа.

Љубов - Ова е месец кога ќе имате доста корист од молитвите и медитацијата, но и време на лутење и љубов. Некои само ќе сонуваат за љубовта. Платонската или тајната врска може да даде едно големо ништо, кога станувате свесни кога доаѓаат потешките аспекти. Идеалите ќе ви бидат уништени во втората недела од декември, ако не стоите на цврста подлога.

Здравје - Не чекате да се разболите, може да дојде до паѓање на имунитетот бидејќи се исцрпувате. Контролирајте го шеќерот и мастите.

Вага

Работа
- Очекувате бурни случувања, ќе бидете во можност нешто да промените во втората половина на периодот. Можни се изненадувањата и неочекувани настани бидејќи Марс и Венера се наоѓаат во ист знак. Држете се настрана и не ја коментирајте работата на другите. Одлуките донесувајте ги после 2 декември кога ќе имате поддршка од соработникот и партнерот.

Љубов - Во кругот на пријателите може да пронајдете и потенцијален партнер. Иако не сте премногу комуникативни со непознатите луѓе, сега оваа личност може да ви привлече внимание на некое случување. Веројатно ќе се разликува од другите по нешто доста впечатливо, бидејќи во спротивно не би ја забележале.

Здравје - Повремените главоболки се поради проблемите со половината.

Шкорпија

Работа - Долго очекувате промени на работа, но тоа не се случува. Сепак, некои околности ви одат во прилог. Почетокот на декември може да биде напорен. Не ви е сеедно што се` морате сами да направите и работата дома и на работа ви паѓа на вашиот грб. Тргнете во акција, на почетокот е напорно и ќе ви биде потребен труд, но сето тоа на крајот ќе има резултати.

Љубов
- Немате иницијатива кога станува збор за емоциите, се` оставате на спротивната страна. Ако некој ви се допаѓа, покажете заинтересираност. Можеби ќе сретнете личност од минатото, од поранешната работа која повторно ќе ви се додворува. Нема да бидете премногу заинтересирани. Сакате да имате повеќе слобода во врската и однос кој нема да ве преоптеретува.

Здравје - Расположението не ви е на завидно ниво.

Стрелец

Работа -
Промената на работното место добива јасна структура. Неочекуваните проблеми се зголемуваат, а доцнењето на платата со долговите кои се натрупуваат ве тераат да донесете одлука. Ако сте долго време незадоволни, сега имате можност да го промените она што не е добро. Во наредните неколку месеци ќе имате потреба да бидете самостојни во работата.

Љубов - Дали е време да размислете за нова врска или само за авантура? Ќе започнете да размислувате за ова и ќе започнете да се дружите и забавувате со пријателите и познаниците. Во ова опкружување можете да запознаете некоја посебна личност. Имате можност и да ја реализирате врската со личност која неодамна ве интересирала.

Здравје - Усогласете го вашиот ритам и обрнете внимание да не се повредите.

Јарец

Работа
- Кон крајот на ноември конечно ќе започнете да функционирате. Досега не беше поволно на професионален план ниту за потпишување на договори. Финансиите започнуваат да се стабилизираат, а со тоа и односите со соработниците. Ги контролирате вашите реакции. Склони сте да ги процените вашите можности, па на крај завршувате со чувство на преоптеретеност.

Љубов - Веќе подолг период вашата емотивна страна не функционира онака како што сакате вие. Очекувајте нови контакт и додворувања, а можеби ќе бидете неодлучни поради разликите во години, ако партнерот е помлад од вас. Оставете си доволно простор за себе и не си ги скратувајте емоциите.

Здравје - Уморни сте и потребен ви е одмор за да соберете енергија.

Водолија

Работа
- Не е паметно да филозофирате на почетокот на декември, иако на некој начин сте заштитени. Вашиот шеф го анализира секој ваш гест и секој ваш потег па грешките можат скапо да ве чинат. Разумно донесувајте ги одлуките бидејќи ќе имате голем притисок од сите страни, од соработници до претпоставени. Ова е одбар период за напредување, па очекувајте нови понуди.

Љубов - Планетите на љубовта Венера и Марс се наоѓаат во вашето поле, па укажуваат на тоа дека очекувате некој кој одамна е присутен во вашиот живот, но на некој начин е недостапен. Дали вреди да се чека или не вреди, на вас останува да одлучите.

Здравје - Можни се проблеми со исхраната како и тенденција на зголемување на тежината.

Риби

Работа -
Ве очекува работа која бара многу ангажирање и енергија. Сепак, не ви е тешко да работите ако видете дека има ефект и ако сте соодветно платени. Посебен мотиви мате кога го работите она што го сакате. Не донесувајте никакви одлуки на почетокот на декември, после тоа ќе имате подобра проценка на ситуациите. Некои рани договори и соработка и понатаму ќе останатпразна приказна.

Љубов - Не сте премногу расположени за партнер, имате други планови и преморени сте. Желбата да менувате нешто во животот е се` посилна, а и околностите кои ве тераат тоа да го направите. Оние во подолга врска може да размислуваат за заеднички живот. Ако сте со личност кон која не чувствувате емоции и страст, размислете ра прекинување на врската.

Здравје - Прилично сте исцрпени и потребен ви е одмор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот