X
 13.07.2019 Живот

Украинец измислил кабина за авион што се одделува во случај на несреќа

Украинскиот изумител Владимир Татаренко смисли концепт за авион со кабина која може да се исфрли во случај на авионската несреќа. Некои експерти се прашуваат дали е тоа реално остварливо. Идејата е во итен случај пилотите да можат да притиснат копче кое ќе овозможи кабината заедно со патниците и багажот да се одвои од остатокот од авионот и да се спушти на сигурно со помош на падобрани. Се чини дека пилотите немаат среќа.

Што ако кабината се спушти во вода?

Цевки на надувување ќе бидат подготвени да ја задржат на површината. Според снимката на Татаренко објавена на „Јутјуб“, тие бараат инвеститори за овој проект. Во авионската заедница има некои што сметаат дека концептот е повеќе од нереален. Авионските компании веќе трошат меѓу 100 и 350 милиони долари по авион, а тоа е без годишните трошоци за одржување. Тие би имале мала мотивација да ја заменат сигурната флота за непроверен концепт, особено затоа што смртните случаи во авионски несреќи се ретки.

Според соопштението од авионското здружение ИАТА, во 2014 година (трагична година за авионските летови), од 3,3 милијарди патници што патувале имало вкупно 641 смртен случај. Тоа всушност е многу голема сигурност. Можеби парите би биле подобро потрошени на решавање на срцевите болести, кои се одговорни за повеќе од 610.000 смртни случаи годишно само во САД.

Каде ќе слетаат?


Ако ги ставиме трошоците и финансиите настрана, механиката исто така е малку сомнителна. Како што напишал еден коментатор на видеото, целиот концепт драматично ја ослабува конструкцијата на авионот бидејќи има многу спојки за да го составите трупот.

Исто така, што ако исфрлената кабина не слета (како што е прикажано на снимката) на соодветно рамна земја? Што ако удри во планина или зграда? Без пилот и без крила, кој може да каже каде ќе слета кабината?

Иновацијата предизвика измешани реакции и додека едни ја поддржаа, други ја критикуваа.

Како функционира?

Се состои од кабина која може да се одвои во кое било време при полетувањето, во текот на летот или при слетувањето и да им овозможи на патниците безбедно слетување. Поради падобраните прицврстени за кабината, кои автоматски би се отвориле кога долната капсула ќе се оддели од авионот, патниците би можеле да слетаат на вода или на земја.

Прототипот вклучува и простор за складирање на багажот под кабината за патниците да не ги губат личните предмети.

Се поставуваат прашања за можното влијание на остатокот од авионот и можностите кабината која може да се одделува да падне на планина или зграда. Сепак, анкетата што ја направил изумителот открива дека 95 отсто од испитаниците би купиле поскапи карти за да користат ваков сигурносен систем.



Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот