Марс е црвената планета, но не бидете толку сигурни дека прекарот ѝ одговара на планетата. Таа веројатно не е црвена.
Кога испраќаме роботски летала на Марс ги опремуваме со цели за калибрирање на боја, но и со овие инструменти, една карпа во својата „вистинска“ боја може да се промени многу врз основа на светлината во текот на денот.
Како што покажува оваа панорамска слика од Марс, промената е воочлива бидејќи на роботот му е потребно време да ја подеси камерата.
Проблемот станува уште почуден кога се обидувате да компензирате за светлината која ни е позната наместо светлината која навистина ја има на планетата. Ова е планина на Марс со светлина од планетата и балансирана со сино небо за да потсетува на светлината на Земјата.
Ова нè
води до речиси филозофско прашање: која боја е вистинската, а која ја гледаме ние?