Овој месец дури три летала од Земјата ќе стигнат на Марс. Во орбитата на оваа планета веќе пристигнаа летала на Обединетите Арапски Емирати и на
Кина. Последната мисија е на американската вселенска агенција НАСА, која го испрати роверот „Персевиренс“.
Роверот треба да слета на Марс на 18 февруари, во 21:55 часот според средноевропско време. НАСА ќе врши пренос во живо од слетувањето, кој ќе започне во 20:30 часот на телевизискиот канал на НАСА, како и на нејзината веб-страница и каналите на „Јутјуб“ (подолу во текстот), „Твитер“ и другите социјални мрежи.
„Персевиренс“ со себе носи и хеликоптер кој ќе се обиде да полета на Марс и со тоа ќе биде првиот уред што ќе полета на друга планета.
Извор:
nasa.gov
Фото:
nasa.gov