X
 20.02.2018 Живот

Ајде сега сите да се замислиме малку

2

Писмо од читател

Пред само неколку дена слушнавме, прочитавме, а некои од нас и видовме како се излеа реката Треска и штетите што ги предизвика. Луѓето чии домови беа поплавени, дворови уништени, имоти однесени веднаш се огласија и побараа помош од надлежните органи. И откако поголемиот дел од проблемите се решија, а некои сè уште се решаваат, јас излегов да прошетам покрај река, местото што сите луѓе од мојот град го нарекуваат така и Треска ми ја стресе душата. Не ми го поплави домот, не ми предизвика никаква материјална штета, но душата ме заболе кога го видов срамот на луѓето што се излеал по бреговите.


Брегови кои некогаш биле плажи, пред не повеќе од 30 години. Плажи по кои нашите родители ги поминале најубавите детски денови. Ако пробам да го опишам ужасот што сега се сонча по тие плажи, најверојатно нема да го постигнам истиот ефект од слика. Затоа ќе ви го покажам.

Сè што правиме сами си правиме, велат постарите, попаметните од нас луѓе. Сето ова ѓубре е одраз на нашата култура, односно некултура, на нашата безгрижност и глупавост, на нашата непромисленост. Не навредува реката никого поединечно. Таа минува низ многу градови и села, има многу притоки, многу извори на човечката нечистотија и безумност.

2

Одиме на викенд во Виена, Марибор, Фиренца, се сликаме во прекрасни паркови, зелени и уредени, чисти реки и брегови, постираме слики и се гордееме со тоа. Е па ајде сега малку да се засрамиме и да се запрашаме што имаат толку овие градови што ние немаме. Одговорот го знаеме сите. Култура.
 
Овие кофи, долен веш, обувки, пластични кеси не ги донесе ветрот, туку човечката рака. Овој срам што Треска го собира од град во град, од село во село еве негде излегува на виделина. Ова на сликата погоре сме ние. Замислете.

Александар Симјаноски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот