Питер Сунд, еден од основачите на интернет-страницата „Pirate bay“ во интервју за „Motherboard“ тврди дека битката за интернетот веќе е изгубена.
„Денешниот интернет е сра*е. Тој е расипан. Веројатно бил таков отсекогаш, но сега е полош од кога било.“ - изјавил тој.
На интернет може да се пронајдат торенти прилично лесно, но Сунд вели дека споделувањето на содржини веќе станува минато. Според него, денес „немаме отворен интернет. Отворен интернет немаме веќе долго. Проблемот е што никој не спречува ништо. Ние ги губиме правата и привилегиите цело време, а ништо не добиваме на ниту едно поле. Трендот оди во само една насока: затворен и поконтролиран интернет. Тоа има големо влијание на нашето општество.“
Сунд додава дека корисниците не разбираат што се случува бидејќи работите се прикриени. Ние „не гледаме кога некој нè шпионира, не гледаме кога нешто е цензурирано или кога резултатите се избришани од Google“.
Во однос на она што може да го сторат корисниците за да го сопрат трендот, Сунд вели дека не може да се стори ништо.
„Јас мислам дека сме на крајната точка. Ние ја изгубивме оваа битка. Едноставно признајте го поразот и обидете се да разберете зошто сте ја изгубиле и осигурајте се тоа да не се случи повторно кога ќе се обидеме да ја добиеме војната“, вели тој.