X
 01.12.2021 Технологија

Еве што се случува на интернет во само една минута

Во секојдневието не се случуваат многу работи во една минута. Но доколку се погледнат сите активности на интернет одеднаш, во една минута се случуваат многу работи. Денес, околу 5 милијарди луѓе во светот го користат интернетот.

Графикон од софтверската компанија „Домо“ покажува што сѐ се случува на интернет во само една минута. Меѓу другото, на „Амазон“ се купуваат производи со вкупна вредност од 283.000 долари, 12 милиони луѓе испраќаат порака на ајфон, 6 милиони луѓе пазарат онлајн, а на „Слек“ се испраќаат 148.000 пораки.

Во една минута „Мајкрософт тимс“ поврзува 100.000 корисници, на „Јутјуб“ се гледаат 694.000 видеа, а 44 милиони луѓе гледаат пренос на видео на „Фејсбук лајв“. На „Инстаграм“ во една минута се споделуваат 65.000 фотографии, а на „Тик-ток“ се гледаат 167 милиони видеа.


Фото: Domo

Влијанието на интернетот може да се види и преку вредноста на приходите во една минута на компаниите кои функционираат преку интернет. Така „Амазон“ прави приход од 955.517 долари во една минута, „Епл“ - 848.090 долари, „Алфабет“ - 433.014 долари, а „Мајкрософт“ - 327.823 долари.

„Фејсбук“ прави приход од 213.628 долари во секоја минута, „Тесла“ - 81.766 долари, а „Нетфликс“ - 50.566 долари.

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија