X
 15.12.2015 Образование

Студентите тврдат: Плаќаме и по 700 евра за да положиме испит

Македонските студенти сé уште им плаќаат на универзитетски професори за да добијат шестка. Дека митото и корупцијата во високото образование не се искоренети покажуваат резултатите од анонимната анкета која ја спроведе Факултети.мк. Ги прашавме македонските студенти дали платиле кај некој професор за да положат испит, која била причината за тоа и колку пари му дале на професорот?


Анкетата покажа дека 142 студенти платиле за да поминат на испит, а одговори добивме од вкупно 888 студенти. Ова значи дека речиси 16 отсто од анкетираните платиле за шестка или повисока оцена.

Како причина зошто го направиле тоа студенти одговорија дека не можеле да научат, дека професорот побарал, биле принудени да платат, некои не можеле да научат, но и дека професорот ги паѓал и по неколку пати иако го знаеле материјалот, па митото бил единствен пат кој води кон диполомирање.

Нашата анкета покажа дека студенти плаќале од 50 до 700 евра за да го положат испитот. Најголем дел од анкетираните одговорија дека платиле по 500 и 200 евра за положен испит. Некои од нив го сметаат за плаќање на испитот и тоа што биле принудени да ја купат книгата од професорот.

Интересни одговори добивме на прашањето зошто решиле да платат за преодна оцена, па еве дел од нив: 

„Намерно ме паѓаше професорот од нејасни причини“.

„Причината е јасна, за да положам после 11-ти пат“.

„ Тежок ми беше предметот“.

„На барање на професорот, друга можност да го положам испитот немаше“.

„ После 6 полагања и исто толку паѓања на испит мораше да се најде некое решение за да се положи. Инаку за 4 од тие 6 полагања сум речиси 99% сигурен дека имав доволно материјал за да го поминам испитот со солидна оцена“.

„Самиот професор ми рече“.

„Бидејќи немав доволно научено“.

„Ми се закануваше дека ќе ме падне и дека ќе треба да плаќам за полагање уште сто пати“ .

„Последниот испит го полагав 8 пати. На се научено не ме пушташе“.

„По барање на професор, со зборовите: „Ќе си даеш софричка“.

„Последен испит до дипломирање, кој го полагав повеќе пати, иако секогаш бев спремна со материјалот“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование