Речиси две третини од Германците се за обезбедување заштита на Авганистанците што се најдоа во опасност откако талибанците ја презедоа власта во таа земја, се вели во истражувањето спроведено од Институтот „Југов“.
Анкетата направена преку интернет, која била нарачана од хуманитарната организација „Сиибруек“, покажа дека 63 отсто од Германците ја поддржуваат помошта на германската влада за ранливите групи Авганистанци, како што се жените и оние што се изложени на ризик од политички прогон.
84 отсто од испитаниците веруваат дека оние што останале во Авганистан по преземањето на власта од страна на талибанците ќе бидат прогонувани поради своите политички ставови, пол, сексуална или верска ориентација.
Според „Југов“, 1.084 анкетирани се претставници на возрасната германска популација.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik