X
 10.10.2024 Живот

Овие четири песни ги слушаат луѓето пред да умрат: имаат релаксирачки ефект и ја намалуваат болката

„My Way“ на Френк Синатра и „Hey Jude“ од „Битлси“ се најпопуларните песни избрани од терминално болни луѓе во Велика Британија во последните моменти, покажало истражување.

Британската хуманитарна организација за грижа и поддршка на хоспитализирани лица „Марија Кири“ составила листа со песни избрани од луѓето што се терминално болни анкетирајќи ги нивните блиски роднини.

Други песни наведени од 1.000 возрасни лица во Велика Британија, како избор на нивните најблиски на крајот на животот, се „Over The Rainbow“ на Џуди Гарланд и „I Will Always Love You“ на Витни Хјустон.

Оваа музика ги релаксира луѓето што умираат

Организацијата „Марија Кири“ истакнува дека музиката може да игра клучна улога во последните моменти од животот, при што 84 отсто од анкетираните се согласуваат дека музиката ги смирува нивните сакани, а 61 отсто рекле дека помага во олеснувањето на стресот. Други придобивки се создавање заедничко искуство што ги зближило, создавање чувство на нормалност и помагање да се оттргне умот на лицето што умира од физичките симптоми на неговата болест.

- Болката и стравот од умирање може да резултираат со чувство на немоќ и изолација. Музиката може да им помогне на луѓето да ги изразат своите чувства и да направи да се чувствуваат подобро, без оглед на нивното здравје или емоционална состојба - истакнува експертот за музичка терапија д-р Трејси Меконел од Универзитетот „Квин“ во Белфаст.

Добротворната организација соопштила дека луѓето изразиле желба да бидат ослободени од болка во последните денови од нивниот живот (38 отсто), а повеќе од половина (56 отсто) рекле дека повеќе би сакале да умрат дома.

Медицинската сестра Јан Палмер од „Марија Кири“ вели дека истражувањето го покажува она што е најважно за луѓето што умираат:

- Најважно е дека личноста нема болка и дека е опкружена со саканите. Секој заслужува најдобра можна грижа на крајот од животот - истакнала таа.

Извор: net.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот