X
 16.12.2015 Живот

За сите оние кои аплицираат за виза за влез во САД

Министерството за внатрешни работи на САД работи на план за дополнителна проверка на странците кои аплицираат за виза за влез во САД. Мотивот позади овој план е нападот во Сан Бернардино, Калифорнија, во кој 14 лица го загубија животот. Од Министерството велат дека „очигледно нешто не било во ред“ со проверката на визата на еден од напаѓачите.


„Тешко е да се каже што беше погрешно и како, но еден индивидуалец да влезе во земјата - индивидуалец за кој ФБИ сметале дека има тенденции за тероризам најмалку две години и потоа да организира напад на наша почва, мислам дека ќе има научени лекции од ова“, изјави портпаролот на Министерството, Џон Кирби.

Предлог за проверка на социјалните мрежи на кандидатите за виза имало уште изминатата година. Во моментов, Министерството има три пилот програми за вклучување на социјалните мрежи во проверката.

Сенаторот Чарлс Шумер изјавил изминатата недела дека САД треба „веднаш да започне со програма за проверка на социјалните мрежи на оние кои влегуваат во земјата со виза.“

Од Министерството за внатрешни работи на САД за медиумите изјавуваат дека проверката на социјалните мрежи ќе продолжи како и досега во согласност на законот.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот