X
 26.11.2022 Живот

Место во Европа каде што секој може да живее и да работи без виза

Живееме во свет во кој местото и пасошот го диктираат начинот на живот. Меѓутоа, тоа не е случајот за Шпицбершките Острови или Свалбард, норвешки архипелаг во кој живее најсеверното населено место.

Во градот Лонгиербајен живеат 2.300 жители од над 40 различни националности. Мал број од нив се од Свалбард бидејќи таму не е дозволено да се родите. Ова е само едно од чудните правила на овие острови.

На островите има и месечна граница за консумација на алкохол. Дозволени се 24 пива, половина шише силно вино и едно шише жесток пијалак месечно. На островите не се дозволуваат мачки за да се заштитат птиците. 


Фото: Pixabay

Освен тоа, според спогодба од 1920 година, секој може бесконечно да живее и да работи на островите. Условите за тоа се да имате доволно пари за да се одржувате и да имате покрив над главата.

Иако се дел од Норвешка, според правилата на островите, вработените плаќаат данок на доход од 8 отсто, а компаниите не плаќаат данок. Затоа, на островите нема државни пензионерски домови, јавен превоз, домови за згрижување бездомни лица, финансиска помош за невработени или каква било друга социјална помош.

Извор: Business insider
Наслона фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот