X
 10.04.2016 Живот

Европската унија разгледува нови правила за визниот режим

Европската Унија ја разгледува можноста на Американците и Канаѓаните да им биде потребна виза.

 

виза


Зошто строгите правила? Европските официјални претставници велат дека тоа може да ја прекинат „Visa waiver“ програмата за Америка и Канада бидејќи тие се`уште бараат граѓаните од некои земји на ЕУ да аплицираат за виза.

Додека на Американците и Канаѓаните потребен им е само пасош кога ја посетуваат Европа, граѓаните на Полска, Хрватска, Кипар, Бугарија и Романија треба да аплицираат за виза за посета на Америка и Канада.

„Целта е да се постигне целосен реципроцитет на програмата за граѓаните на сите земји членки, а тоа е приоритет за Европската Унија“, вели Мина Андреева, портпарол на Европската комисија.

Владата на Америка вели дека земјите за кои станува збор се`уште не ги имаат исполнето условите за програмата за безвизен режим.

„Имаме отворен дијалог со секоја од овие земји во врска со барањата на програмата и како секоја од овие пет земји напредува“, вели официјален претставник од Стејт департментот.

Визната политика на Канада исто така не е основана на реципроцитет.

„Наместо тоа, Канада мора да биде задоволена државите да исполнат критериуми кои ги дава за ослободување од виза“, вели портпарол на одделот за имиграција, бегалци и државјанство во Канада.

Според правилата на ЕУ, Европската комисија мора да предложи реципрочен визен режим за земјите кои не им дозволуваат безвизен режим на граѓаните на ЕУ две години откако се известени за ситуацијата.

Рокот ќе помине во вторник. Комисијата ќе разговара за ова прашање на состанокот наредната недела. Ако одлучи да продолжи со промената, ќе стапи на сила после четири месеци.

Американците сепак, ќе можат да патуваат без виза во Ирска и Велика Британија, единствените две земји-членки кои ја одбиваат визната политика на ЕУ.

Граѓаните на 38 земји можат да патуваат во Америка без виза. Тука се вклучени 23 земји од Европската Унија како и Австралија, Андора, Брунеи, Норвешка, Исланд, Сан Марино, Сингапур, Јапонија, Чиле, Лихтенштајн, Јужна Кореја, Швајцарија, Монако, Тајван и Нов Зеланд.

Ова е втор предлог за зголемување на контролата на границите на Европа во само една недела. Исто така, се разгледува европските земји да воведат нов систем кој ќе ги зачувува фотографиите и отпечатоците од прстите на туристите. Овој план е дел од борбата на европските земји против тероризмот и зголемување на безбедноста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот