Работниците во топ 1% според заработувачката најчесто се на возраст од 40 до 60 години, мажи, имаат високо образование, работат во финансии или производство и се менаџери. Ова е резултатот од анализата на најплатените работници во 18 европски земји. Во анализата на ОЕЦД биле вклучени 10 милиони работници. Дознаваме дека најплатените работници се помлади во источна Европа, а меѓу нив има повеќе жени во земјите со поголема вкупна вработеност меѓу жените.
70% од најплатените 1% се на возраст од 40 и 59 години, додека работниците во оваа возрасна група сочинуваат дури половина од другите вработени.
80-85% од најплатените 1% се мажи. Мажите во најплатените 1% надминува 90% во две земји: Германија и Луксембург. 80-85% од најплатените 1% завршиле високо образование.
Половина од најплатените 1% работат со финансии, во производство или во продажба. 45% од нив се менаџери или директори.
Најплатените вработени се помлади, обично во 30-те, во источноевропските земји (Чешка, Естонија, Унгарија, Полска и Словачка). Жените се побројни меѓу најплатените 1% во земји со вкупна поголема присутност на жените на списокот на вработени лица.