Во Обединетото Кралство има речиси еден милион работни места кои се пополнети од недоволно квалификуван кадар, според извештај за универзитетите кој покажува дека побарувачката за дипломирани работници ќе остане голема во блиска иднина.
Извештајот покажува дека во земјата имало 15 милиони луѓе со дипломи или квалификации на еднакво ниво кои работеле на крајот од 2020 година и речиси 16 милиони работни места за кои е потребна факултетска диплома.
Слични податоци од Организацијата за економска соработка и развој покажуваат дека иако 14 отсто од работната сила во Обединетото Кралство се преквалификувани, над 27 отсто се класифицираат како недоволно квалификувани за работата. Побарувачката за дипломирани работници останала висока дури и за време на пандемијата. Податоците покажуваат дека има 20 отсто повеќе работни места за кои е потребна диплома отколку пред пандемијата.
Министерката за високо образование на Англија, Мишел Донелан, изјавила дека Владата планира реформи во високото образование за да се задржи квалитетот на ова ниво. Меѓу другото, се предлага зголемување на каматите за студентски заеми за додипломски студии од следната година. Се размислува и за воведување минимални академски резултати за земање студентски кредити.
Извор:
The guardian
Насловна фотографија: Pixabay