Островот Гоф е контролиран од Тристан да Куња, изолирана британска територија во јужниот дел на Атлантикот.
Британска група за заштита на диви животни бара некој што ќе помине 13 месеци работејќи на еден од најоддалечените острови во светот.
На овој остров нема постојани жители, а се наоѓа околу 2.400 километри од африканското копно.
Бидејќи нема аеродром, до Гоф може да се стигне со седумдневно возење со брод од Јужна Африка.
Ребека Гудвил и Луси Дорман моментално работат на Гоф и се меѓу седумте вработени кои заедно со уште 8 милиони гулаби го нарекуваат Гоф свој дом. Тие работат за Кралското друштво за заштита на птиците. Пред да се преселат во Гоф и двете работеле во друштвото: Луси на Антарктикот, а Ребека во Шкотска. Во септември Ребека ќе ја заврши годината помината на островот.
Затоа Кралското друштво за заштита на птиците бара нов теренски службеник со плата од околу 30.000 евра. Работата вклучува долги работни денови кога се следат морските птици.
Од кандидатите се бара да се приспособат на животот во предизвикувачка и оддалечена субантарктичка средина, односно зоната на јужната хемисфера северно над регионот на Антарктикот.
Исто така, кандидатите треба да имаат факултетска диплома или искуство во слична област, како и искуство во работа со диви птици или животни и нивно следење на терен.
Ребека и Луси велат дека кандидатот треба да може да издржи во сурови услови и една година без свежа храна, само замрзнати оброци.
Како дел од меѓународниот научен тим за конзервација на Кралското здружение, Луси и Ребека ги следат движењата на разни загрозени птици, како што е жолтоносниот албатрос на Атлантикот.
Во текот на денот тие треба да се соочат со времето и да одат на терен каде што се наоѓаат птиците.
Рокот за пријавување е до крајот на неделата.
Извор:
BBC
Фото:
Wikipedia