Луѓето кои бараат работа се соочуваат со сѐ потешки и почудни прашања од било кога. Работодавците се насочуваат кон трик прашања и на тој начин за брзо време ги селектираат кандидатите, такашто се истакнуваат само најдобрите.
„Ги користат тие методи за да видат како човек реагира под притисок. За да видиме што ќе направите ако килимот ви е повлечен од под нозе - како ќе се подготвите за неочекуваното?“, вели портпаролот на Glassdoor.
Консултантските и технолошките компании имаат поголема тенеднција да користат вакви прашања повеќе од другите сектори, додека практикантите и кандидатите се соочуваат со се` потешки загатки и прашања.
„Бројот на кандидати и практиканти е толку голем, па затоа нашата идеја е да „фрлиме гранада“ и да видиме што ќе се случи“, додава тој.
Glassdoor, страна на која луѓето анонимно даваат оценки за компаниите и работодавците, откриваат кои се најтешките прашања за интервју во Америка и Британија.
Тие откриваат дека Google, познат по чудните и прекрасните прашања за интервју за работа, еднаш им дал задача на кандидатите да пресметаат колку калории има во една продавница за овошје и зеленчук. Некои се обиделе да пронајдат математичка формула за да го добијат одговорот. Други рекле немаат калории - бидејќи калории има само во храната.
Кандидати кои се пријавиле за работно место во ASDA биле запрашани кој суперхерој би биле, додека кандидати за работно место во Jefferies, инвестициската банка, биле запрашани какво мислење имаат за филмот „Blair Witch project“.
Ова се најтешките прашања за интервју во Америка и Велика Британија за 2015 година
Велика Британија
1. „Дали можете да пресметате колку тениски топки се искористени за време на Вимболдон?“ - Аccenture
2. „Проценете колку вкупно автомобили има во Велика Британија“ - Barclays Investment
3. „Колку калории има во продавница за овошје и зеленчук?“ - Google
4. „Како би им продале фрижидер на Ескими?“ - Harrods
5. „Што би понеле со себе на пуст остров и зошто?“ - Urban Outfitters
6. „Дали Бетмен е суперхерој?“ - AlphaSights
7. „Имате 17 црвени и 17 сини топки, а отстранувате 2 во исто време. Ако двете се со иста боја, додавате една екстра сина топка. Ако се со различна боја, додавате екстра црвена топка. Која боја е целосно отстранета? - Genomics
8. „Кој лик од цртаните би биле и зошто?“ - ASDA
9. „Кое е најлудото нешто што сте го направиле?“ - Metro Bank
10. „Кое е вашето мислење за филмот „Blair witch project“? - Jefferies & Company
Америка
1. „Што би направиле ако сте преживеан во авионска несреќа?“ - Airbnb
2. „Која е вашата омилена песна од 90-те?“ - Squarespace
3. „Ако се разбудите и имате 2.000 непрочитани меилови, а можете да одговорите само на 300 од нив, како ќе изберете на кои да одговорите?“ - Dropbox
4. „Кој би победил во борба меѓу Бетмен и Спајдермен?“ - Stanford University
5. „Ако имавте машина која произведува 100 долари, што би платиле денес?“ - Aksia
6. „Што имавте за појадок?“ - Banana Republic
7. „Опишете ја жолтата боја на некој кој е слеп“ - Spirit Airlines
8. „Ако ви речат да истоварите 747 полн со бомбончиња, што ќе направите?“ - Bose
9. „Колку луѓе полетале од Чикаго минатата година?“ - Redbox
10. „Која е вашата омилена Дизни принцеза?“ - Cold Stone Creamery