X
 18.12.2015 Живот

Како светот да се бори против тероризмот?

Од пукањето во Сан Бернардино, Калифорнија, муслиманите беа принудени да го одбранат нивното право да веруваат во нивната религија. Но, оваа недела, една млада жена докажа дека апсолутно нема никаква потреба од одбрана.

 

malala


Малала Јусуфзаи доби Нобелова награда за мир минатата година на 17 годишна возраст за нејзиното застапување на девојките и жените во нејзината земја Пакистан. Во неодамнешно интервју направено на британскиот Канал 4, таа била запрашана за исламот и за работите кои се зборуваат против исламот во пресрет на терористичките напади ширум светот. Таа ја искористи можноста да „фрли“ светлина врз овој голем проблем.

„Колку повеќе зборувате за исламот и против сите муслимани, толку повеќе терористи создаваме. Важно е дека што и да кажат политичарите, што и да кажат медиумите, тие треба да бидат навистина внимателни. Ако вашата намера е да го запрете тероризмот, немојте да се обидувате да ја обвините целата популација на муслимани бидејќи на тој начин не се запира тероризмот. Со тоа ќе се радикализираат се` повеќе трерористи“.

Оваа недела Јусуфвзаи, на церемонијата во чест на 134 деца кои биле убиени во нападот од Талибанците во училиште пред една година, Јусуфзаи повторно зборуваше за најдобрите начини за борба против тероризмот.

„Ако сакаме да ставиме крај на тероризмот потребно е квалитетно образование за да може да се порази начинот на размислување на тероризмот“, изјави таа. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот