X
 07.09.2016 Култура

Се` што треба да знаете за годишниот аџилак во Мека

1

 

Што е Хаџ/Аџилак?


Станува збор за аџилак кој се одржува секоја година и трае пет дена, кога муслиманите ја посетуваат Мека во Саудиска Арабија. Ова претставува најголемиот годишен собир на луѓе во светот.

Кога се случува?

Оваа година треба да се одржи од 9 до 14 септември. Хаџ започнува на осмиот ден од Зу-л-хиџе лунарниот месец и завршува на 13-от ден, меѓутоа религиозните аспекти можат да се завршат во период од пет дена, наместо шест.

 

2


Кој оди на ова патување?

Од сите муслимани се очекува да одат на аџилак барем еднаш во својот живот, секако доколку се во добра здравствена состојба и доколку имаат финансиски средства.

Зошто настанот е важен?

Затоа што го потврдува местото на муслиманите на земјата елиминирајќи ги сите симболи на богатство и статус. Аџилакот служи за да ги потсети муслиманите дека сите се еднакви во очите на Бог - Алах. Ова е петтиот столб на Исламот и го рекреира патувањето на пророкот Мухамед во 632 година. Има за цел да ги зближи муслиманите од сите националности, чистејќи ги од гревовите и приближувајќи ги до Бог.

Колку луѓе го посетуваат настанот?

Над 2 милиони муслимани од секаде низ светот треба да се соберат на овогодишниот аџилак.

 

2


Што луѓето носат?

Со оглед на тоа што промовира еднаквост и скромност, верниците носат едноставна бела облека позната како Ихрам.

Откако ќе ја стават, од муслиманите се очекува да не им се одземе вниманието поради богатство или општествена положба.

Дали секој може да присуствува на настанот?

Не. Мека се смета за толку света што само муслиманите можат да влезат.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура