X
 27.02.2019 Економија

Како Трамп со еден твит ја сруши цената на нафтата

Цената на нафтата опадна за дури 2 отсто откако претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја повика Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК) да ја намали цената.

- Цените на нафтата стануваат превисоки - напиша Трамп и ја повика ОПЕК да „олабави“.

Тоа предизвика пад на цената на американската „лесна“ нафта за повеќе од 2 отсто на 55,70 долари за барел, додека северноморската „брент“ поевтини за 2 отсто, или 1,32 долар на 65,80 долари за барел.

Трамп и порано има објавувано слични коментари кои ја рушеа цената на нафтата на берзата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија