X
 20.12.2015 Живот

Кои се вистинските проблеми за кои луѓето треба да се свесни?

Голем дел од луѓето обрнуваат внимание на доста неважни и безначајни теми и информации. Иако понекогаш е во ред да се троши време за неважни работи, меѓутоа дефинитивно човек треба да знае за најголемите проблеми во светот.

 

проблем


Кои се најголемите закани за човештвото? За што би требало да бидеме загрижени, кое поголемиот дел од луѓето не го знаат?

1. Веројатно сме во екот на најголемата бегалска криза после Втората светска војна - 40 милиони луѓе се раселени

2. Потенцијални катастрофи врз животната средина - Повеќето луѓе се свесни за ова, меѓутоа не се свесни колку е големо. Климатските промени се вистински, а ако започне топењето на глечерите и со тоа се зголеми нивото на океаните, ќе има многу повеќе бегалци, голем број градови ќе се најдат под вода, и ќе има глобален пандемониум. Ова е само едно од многуте катастрофални сценарија кои би можеле да му се случат на човештвото.

3. Нуклеарки - Постојат илјадници бомби на планетата во моментот што би можеле да не избришат од светот.

4. Потенцијал за супер вештачка интелигенција
- Вештачката интелигенција која е надвор од човечка контрола и е оптимизирана на не-човечко пријателски вредности е нешто за кое се загрижени голем број паметни луѓе.

5. Корпорациите и владите ги собираат сите наши лични податоци
- Многу луѓе мислат дека немаат ништо сериозно што би можеле да го кријат, па не се грижат за нивната приватност. Но, не секој ги разбира импликациите од ова. Не знаеме што е возможно со толку информации.

6. ИСИС - Насекаде низ медиумите се вестите за Исис, и луѓето треба да бидат и тоа како загрижени. Како да се избориме против децентрализирана терористичка организација? Застрашувачки е тоа што всушност станува збор за еден огромен култ што има потенцијал да стане огромен и уште понасилен.

7. Технологијата како механизам за манипулација/контрола
- Ова е проблем со децении, но работите како експериментот на Фејсбук со манипулацијата на нашето расположение подигнува уште поголема загриженост. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот