Самиот авионски билет кој го добивате кога правите резервација не ви овозможува влез во авионот, па затоа добивате друг билет на аеродромот. Но, овие билети на себе имаат битни информации кои може да предизвикаат проблеми доколку се најдат во погрешни раце.
Форензичарот Винстон Крон објаснува дека податоците на билетот вклучуваат електронска адреса, домашна адреса и телефонски броеви, што може да го стават патникот во ризик од кражба на идентитет.