X
 19.06.2023 Живот

Трик за наоѓање евтини летови со „Гугл флајтс“

Некои авионски билети се поскапи по пандемијата, па корисно е да се знаат некои трикови што ќе ви помогнат да заштедите.

Сем Џармен, корисник на „Тик-ток“, неодамна споделил трик за купување евтини билети преку „Гугл флајтс“ (Google flights). Тој советува да се користи мапата на „Гугл флајтс“ за наоѓање летови наместо веб-страниците на авионските агенции.

Во видеото, тој препорачува да ја одберете опцијата за повратен билет (roundtrip) и да го одберете градот во кој се наоѓате, без да ја внесувате дестинацијата. Наместо тоа, отворете ја мапата на „Гугл флајтс“ и така ќе ги видите најевтините летови кои се нудат од сите авионски агенции.

Потоа, во календарот на апликацијата, наместо да одберете специфичен датум, одберете ја опцијата „една седмица“ за времетраење на вашето патување, а „сите“ за месецот во кој сакате да патувате. Вака, „Гугл“ ќе ги најде најдобрите зделки за целата година. Апликацијата „Гугл флајтс“ нуди и други опции, како опцијата да се одберат летови без долго чекање (nonstop) или опции за багаж.

@sam_jarman

Google flight hack has saved me BIG $$$

♬ original sound - Sam Jarman


Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот