X
 23.12.2015 Образование

Иднината на двојното образование

образование

 

Двојно образование е образовниот систем во кој теориската настава на учениците ја извршуваат образовните институции, додека практичната настава компаниите, што значи дека средношколците дел од времето за настава го поминуваат во компанијата која соработува со образовната институција.


Во прва година има повеќе теоретски предмети, во втора година по два дена се оди на пракса, а во трета година веќе три дена неделно се поминуваат на практична настава. На тој начин учениците стекнуваат стручност уште пред да ја добијат средношколската диплома и стапуваат во контакт со компании во кои подоцна можат да се вработат.

Образовниот систем уште од одамна успешно функционира во Германија и Австрија, а таму поголемиот дел од учениците од училишните клупи веднаш одат во одредени компании, бидејќи тие речиси целосно ги едуцираат учениците кои најмногу им одговараат. Учениците во прва година, имаат обука од 65 часа, во втора година, два дена од неделата одат на пракса, а во трета година, праксата се зголемува на три дена, а два дена поминуваат на училиште.

Во нашата земја се`уште не постои ваков вид на образование, и соработка помеѓу компаниите и државните средни училишта, иако би била одлична можност затоа што кај учениците би ја зголемиле шансата за вработување, ќе биде од полза како за ученикот, така и за компанијата. На овој начин комапниите ќе можат да едуцираат работници какви што им се потребни, а учениците добиваат можност за пракса и секако, поголеми шанси за вработување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование