Стартап-компанијата „Д Боринг кампани“ на Илон Маск бара идеи за брзо копање тунели. Наградите не се познати, но може да се пријавуваат тимови од целиот свет.
Целта на компанијата е да пронајде решение за копање 30-метарски тунел, а наградите ќе им бидат доделени на тимовите што ќе понудат решение за најбрзо копање тунели со најголема прецизност. Компанијата планира да го тестира тунелот кој ќе биде ископан со идејното решение напролет.
Фото: Wikipedia
Компанијата беше основана од Маск за да го реализира проектот „Хиперлуп“, што претставува футуристичен начин на превоз преку вакуумска цевка.
Компанијата ја покажа технологијата со која може да се намалат времето и трошоците за копање на тунелите, но побарувачката е слаба. Во моментов работи само на неколку проекти, вклучувајќи и еден во Лас Вегас.
Замислено е во тунелите да се пренесуваат дури 4.400 патници на час користејќи електрични возила. Брзината треба да достигнува до 249 километри на час, според поранешно известување.
Повеќе информации за натпреварот за решение за брзо копање тунели може да најдете
тука.
Автор: Виктор Тангерман
Извор:
futurism.com