Најбогатиот човек на светот смета дека напредокот на човештвото не е реализиран затоа што луѓето лесно се задоволуваат. Токму затоа тој постојано бара нешто подобро, неговата компанија „Амазон“ е во постојан напредок.
Очекувањата на корисниците на „Амазон“ никогаш не се статични - тие секогаш бараат повеќе бидејќи тоа е во природата на човекот. Иако неговата компанија добива одлични оцени од корисниците на неговите услуги, Безос вели дека она што го радува кај корисниците на „Амазон“ е тоа што се незадоволни. Тој смета дека напредокот на човештвото не е реализиран затоа што луѓето лесно се задоволуваат.
Таква е ситуацијата и денес со технологијата - како што таа се развива и напредува, очекувањата на корисниците се поголеми од кога било, па компаниите мора брзо да се приспособуваат за да ги исполнат барањата и очекувањата.
Она на кое луѓето денес се восхитуваат, утре ќе стане нешто најобично и ќе биде заменето со некоја нова технологија и иновација. Тоа е она што го тера „Амазон“ да биде во постојан напредок, бидејќи компанијата е свесна дека ако не се приспособи на корисниците и на пазарот, корисниците за брзо време ќе ја заборават.
„Не се живее на стара слава, тоа во денешно време на брзи технолошки промени не поминува“, смета Безос.
Дел од успехот и напредокот се и грешките, а грешките на „
Амазон“ беа тешки милијарди долари, но од нив може многу да се научи и тоа знаење се користи за развој на идните производи или за подобро разбирање на потребата на корисниците.
Фото: Screenshot/YouTube