Кинеските медиуми неодамна објавија бизарен случај на вработен по презиме Ванг кој го тужел својот работодавец за незаконско отпуштање откако бил отпуштен поради тоа што поминувал премногу време во тоалет во текот на работното време.
По операцијата за аноректален проблем, човекот продолжил да чувствува болка и непријатност и почнал да поминува три до шест часа во тоалет секој ден.
Поранешниот работодавец на Ванг тврди дека тој направил вкупно 22 паузи за во тоалет во период од 10 дена, во траење од 47 минути до 6 часа. Цитирајќи ги одредбите во прирачникот за персоналот во врска со доцнењето, предвременото напуштање на работа и одобрените отсуства, неименуваната компанија од Тијанџин му дала отказ на Ванг.
Незадоволен откако ја изгубил работата, Ванг ја тужел комапнијата во обид да биде вратен на работа. Но, напорите на Ванг биле залудни кога судот пресудил дека неговото седење во тоалет било надвор од разумните физиолошки потреби. Судот, исто така, рекол дека одлуката на работодавачот за отпуштање на Ванг била законска и оправдана.
Инцидентот предизвика многу реакции на кинеските социјални мрежи каде еден корисник рече дека „да се биде болен заслужува сочувство“, но човекот не треба да го користи тоа како изговор. Друго лице рече дека ниту еден работодавач не би толерирал вакво однесување доколку работникот поминува четири од осумчасовен работен ден во тоалет.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik