Универзитетот „Шефилд“ во Јужен Јоркшир, Англија доби нова зграда. Се работи за градба наречена „Дијамант“. Именувана е така поради специфичната фасада од алуминиум и стакло, која е инспирирана од историските згради во околината.
„Дијамантот“ чинел неверојатни 81 милиони фунти за изградба - најголема вложена инвестиција направена од универзитетот. За возврат, универзитетот се надева дека ова ќе биде чекор напред кон станувањето водечки универзитет во областа на инженерството во Обединетото Кралство до 2021. Зградата била дизајнирана од „Twelve architects“, а изградена од „Balfour Beatty“.
„Дијамантот“ ќе биде новиот дом на додипломците по инженерство на универзитетот.