Пантеонот во Рим бил изграден околу 126 година. Сепак, оваа голема зграда сè уште стои во градот. Како оваа бетонска зграда успева да стои 2.000 години по изградбата?
Инженери од Технолошкиот институт во Масачусетс го имаат одговорот. Накратко, тие сметаат дека мали минерали наречени варови камчиња имаат „заздравувачки“ карактеристики кои му овозможуваат на бетонот да ја задржи цврстината со текот на времето.
Со години научниците претпоставувале дека овие делови случајно се нашле во стариот бетон поради невнимание или лошо мешање на бетонот. Адмир Масиќ, професор на универзитетот кој работел на истражување за бетонскиот состав на Пантеонот, објаснил дека не било логично Римјаните да не се потрудат при производството на бетонот откако вложиле многу труд за да го направат овој материјал.
Фото: Pixabay
Како што објаснил тој, варовите камени делови во бетонот не се лесни за производство и потребно е да се меша бетонот со вар на многу високи температури за да се добие посакуваната смеса. Неговиот тим открил доказ за екстремно топло мешање во примероци од стариот бетон во зградата.
За време на процесот на мешање на висока температура варовите делови создаваат облици во бетонот кои овозможуваат заштита на зградата кога има мала пукнатина. Доколку вода влезе во пукнатината, се случуваат реакции кои овозможуваат полнење на пукнатините со калциум.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Pixabay