X
 24.09.2020 Живот

„Кривата кула“ во Абу Даби ги побива сите правила на архитектурата

„Капитал гејт“ е облакодер во Абу Даби. Иако градот изобилува со необични згради, оваа е една од најуникатните бидејќи е крива. Секој од 728. стаклени панели што се наоѓаат на зградата е направен посебно бидејќи имаат различна форма.

Зградата со 35 ката не била направена за да биде најголема или највисока, туку да ги побие правилата на архитектурата и да го стави градот на светската мапа со најинтересни згради, открива Ахмед Ал Мансури, главен инженер на проектот за изградба на зградата.



И по речиси 10 години откако била изградена, зградата останува најискривената зграда направена од човекот во светот и влезе во Гинисовата книга на рекорди. Облакодерот е искривен 18 степени западно, а тоа е околу 5 пати повеќе од аголот на кој е искривена Кривата кула во Пиза. Горните 17 ката „висат“ над работ.

- Природата сака таа да падне. Сè околу кулата прави таа да се сруши, но таа е дизајнирана да стои - вели Мансури.



Основата на зградата е направена со 15.000 кубни метри бетон засилен со 10.000 тони челик и намерно била изградена во близина на центарот, наместо точно на него, а потоа била исправена како што се градела зградата, за да се зголеми цврстината на бетонот. Кулата стои и благодарение на 490 колци закопани на длабочина од 30 метри.

Во зградата има канцеларии, ресторани, барови и хотел со 200 соби. Природниот пејзаж на Абу Даби со ветровитите дини бил инспирација за изгледот.

Автор: Алис Мекул
Извор: Си-ен-ен
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот