Ако сакате да имате добро воспитано дете, морате да воспоставите некои основни правила. Секој од нас одредува како ќе го одгледа своето дете, но тоа на некои им оди полесно од рака, а на други потешко.
Бидете доследни
Секогаш, ама секогаш бидете доследни. Децата ќе ги тестираат своите граници. Важно е вие да се држите до сопствените правила. Кажете „Не" кога тоа е потребно и бидете на тоа доследни бидејќи на детето нема да сму биде јасно зошто еден ден не му е дозволено нешто да прави, а следниот ден му е дозволено да го прави истото. Правилата секогаш мора да бидат исти без исклучоци и без попуштања пред молбите на децата. Немојте да го сожалувате детето затоа што тоа едноставно само нешто сака, без оглед дали е тоа на пример чоколадо или нешто друго. Кога еднаш ќе попуштите, ќе му покажете на детето дека постои начин тоа да го добие и таа иста техника ќе ја користи секогаш кога ќе посака нешто да добие или постигне. Понекогаш нема да бидете сигурни дали нешто да дозволите или не, па тогаш побарајте од детето да ви објасни зошто тоа што го бара е добра идеја. На основа на одговорот на детето, можете да одлучите што да направите.
Детето треба да има обврски и задачи во домот
Чувство на одговорност ќе се изгради кај детето ако му давате некои едноставни задачи, прилагодени на неговата возраст. Вклучете го детето во она што самите го правите наместо да му дадете задачи кои самото треба да ги сработи. Пофалете го детето кога добро ќе си ја сработи задачата. Веројатно после тоа, ќе сака да ви помага и во некои други домашни работи.
Детето треба да почувствува „разочарување"
Детето не треба да се штити од сите животни удари. Ниту еден родител не сака кога детето му плаче или кога е вознемирено, но во реалниот живот разочарувањата се неизбежни. На пример, ако сте во продавница и детето плаче затоа што не сте му купиле некоја играчка, тоа мора да научи дека не
може секогаш да го добива тоа што го сака. Со тоа ќе научи да го контролира своето однесување и чувства. Додека учи како да го прифати разочарувањето, детето воедно развива и способност како во подоцнежниот живот да се соочи со емоционалните стресови.