X
 28.12.2015 Образование

Важни работи за добар однос меѓу родителите и наставниците

Наставникот или професорот на вашето дете е личност со која детето поминува многу време. Поради тоа, важно е со него да имате добар однос. Тој добар однос се заснова на некои основни вредности кои секој родител треба да ги сфати и на нив да работи.


Почит

Кога ќе дојдете по детето на училиште немојте да бидете на мобилен телефон или со свртен грб да го игнорирате наставникот. Покажете почит и основна култура така што наставникот секогаш ќе го поздравите. Покажете му дека го цените. Уште една важна работа која е знак на почит е точното пристигнување. Детето кое доцни го кочи целото одделение.

Доверба

Наставниците искрено ги ценат родителите кои го слушаат нивното мислење и му веруваат на искуството и чувството на наставникот, особено кога се работи за негативни работи. Можеби вие не мислите дека вашето дете некогаш би удрило некое друго, но тоа се случува постојано. Доколку наставникот ви соопштува нешто изненадувачко за вашето дете, прифатете го тоа мирно. Потполно е погрешно да се искажува лутина на наставникот. Наставникот сака да работи заедно со вас за добро на детето и вие треба да му бидете благодарни.

Ангажирање

Иако изгледа очигледно, сепак е важно да се нагласи дека ангажирањето на родителите во образованието на детето прави чуда. Освен тоа што на децата не им пречи тоа, оваа родителска активност на наставникот му покажува дека му ја давате поддршката во едукацијата на вашето дете.

Во што се состои ангажираноста? Пред сè, мора да работите на тоа детето да ги пишува домашните задачи редовно. Потоа, тука е и редовното присуство на родителските состаноци. Иако тие можеби ви звучат здодевно, вие само таму може да дознаете што бараат наставниците, што се наоѓа во програмат и слично.

Комуникација

Комуникацијата со наставникот е многу важна и информациите за здравјето, среќата и напредокот на детето треба постојано да кружат меѓу вас. Доколку во семејството се случува нешто значајно, наставникот треба да биде известен за тоа. Секако, не треба да се чека на проблем или криза за да се воспостави комуникација.

Благодарност

Децата не може да искажуваат благодарност кон наставникот секој ден и сосема е во ред доколку тоа некогаш го направат родителите. Работата на наставникот понекогаш е навистина напорен. Помогнете му кога можете.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование