X
 11.06.2017 Живот

Справете се со мрзеливоста на вашето дете

Мрзеливоста и не е баш особина со која би сакале вашето дете да расте. Веројатно, доколку сте ја забележале кај детето, сакате што порано да ја искорените, за да не прерасне во длабоко всадена навика. Ова се неколку мерки кои можете да ги преземете по тоа прашање:

1. Бидете добар пример

Тешко ќе ја објасните вредноста и значењето на добрите работни навики на детето ако и самите не ги применувате. Детето нека се угледа на вас.

2. Имајте очекувања од вашето дете и искажете ги

Децата се обидуваат да ги исполнат очекувањата на родителите. За да го направат тоа, треба и да знаат што од нив се очекува. Дајте му до знаење дека сакате да ги завршува обврските редовно, па тоа и ќе се обидува да ги постигне.

3. Поттикнувајте го да прави позитивни избори

Дајте им можност на децата за избор кој ќе ги води до она што треба да го завршат, како на пример, кажете им: „Можете прво да ги средите фиоките, па потоа работното биро, вие одберете“.

4. Разговарајте со децата за работната етика

Кога децата се расположено, позборувајте со нив на оваа тема. Тие треба да знаат кои се добрите работни навики и да го ценат работењето и трудољубивоста.

5. Детето нека го заработи џепарлукот

Не им давајте постојано пари, нека завршат некоја домашна обврска, па наградете ги.

6. детето нека ги знае своите обврски однапред

Поголема е веројатноста да ги заврши обврските ако однапред знае што се очекува од него. Уште подобро ако за некои работи постои распоред.

7. Пофалете го детето

Детето не очекува само материјални награди, тоа сака да чуе и пофални зборови кои ќе служат како понатамошна мотивација.

8. Бидете постојани во вашите барања

Само така ќе успеете да го научите детето што може да очекува од вас. Бидете истрајни и упорни и не толерирајте мрзеливост.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот