X
 30.12.2015 Култура

Еве кои се најубаво украсени објекти во Скопје за 2015-та

Денес беа доделени наградите за најубаво украсени објекти во Скопје од страна на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски. Беа доделени награди категориите: двор, тераса, училиште и угостителски објект.


Најубаво украсен двор годинава е дворот на Матеа Трпеска од Водно.


Најубаво украсена тераса е онаа на Филип Нечевски во Аеродром.



„Гет кафе“ од Кисела Вода доби награда за најубаво украсен угостителски објект.


За најубаво украсен двор на средно училиште беше прогласен дворот на СУГС „Браќа Миладиновци“.


Сите наградени ќе добијат 10.000 денари од страна на град Скопје, а ЕВН Македонија ќе ги ослободи од плаќање на сметката за електрична енергија за декември годинава.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура