X
 20.11.2017 Живот

Два проценти од жителите на Скопје рециклираат отпад






Само два проценти од жителите на Скопје го селектираат отпадот целосно, а 29 отсто го селектираат делумно, покажа истражување на НВО Гоу Грин, што денеска беше презентирано на јавната дебата „Дали го селектираме отпадот во нашите домови“ по повод Европската недела за помалку отпад.
Анкетирани биле 300 семејства, од кои половината сметале дека немаат услови за селектирање.
Осумдесет проценти одговориле дека има недостаток на контејнери за отпад. Исто толку проценти од жителите на Скопје се незадоволни од еколошката свест на своите сограѓани.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули истакна дека Владата е подготвена со сопствен пример да почне со третирање на отпадот според евроските стандарди.
- Се разбира дека промената на навиките треба да дојдат од секој од нас. Владата е подготвена да го демонстрира преку сопствениот пример и ќе почне масовно третирање на отпадот како што е пропишано, од аспект да го редуцира и повторно да се користи - рече Макрадули.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот