Македонија и Скопје се петтата држава и четириесеттиот град во кои ќе работи. На македонскиот пазар влегува со инвестиција од 2 милиона евра и во старт отвора 250 работни места. Акцентот го става на европски стандарди за квалитет на такси услуги, како и на еколошката компонента, при што Cammeo ќе биде првото ,,зелено‘‘ такси на улиците на Скопје. Директорот Владимир Миновски објаснува како ќе го постигнат тоа.
Македонските градови, а пред сѐ Скопје во однос на квалитетот на воздухот редовно се на листата најзагадени во светот. Меѓу главните причинители на аерозагадувањето се посочени возилата и транспортот, пред сѐ заради застарениот возен парк со високо ниво на издувни гасови. Што ќе понуди компанијата Cammeo на македонскиот пазар, за да придонесе во заштитата на воздухот и генерално во намалување на загадувањето?
- Cammeo како водечки такси превозник во овој дел од Европа, од 2006-та година континуирано поставува високи стандарди во секој аспект на своето работење, па така и од аспект на еколошката свесност и заштита на животната средина. Во таа насока, токму Cammeo ќе биде првото и единствено ,,зелено‘‘, односно еколошко такси на улиците на Скопје. Имено, на ниво на цела Cammeo групација, покрај тоа што сите наши возила се нови, исто така истите возат на плин (ЛПГ) кој е еколошки прифатлив. Кога е во прашање македонскиот пазар, такси возилата на Cammeo ќе возат на енергетски многу поефикасниот гас метан (CNG), кој, по електричната енергија е еколошки најприфатливо погонско гориво. Со оглед на тоа што Скопје спаѓа во редот на најзагадените градови, Cammeo порачува дека токму неговите ,,зелени‘‘ такси возила ќе придонесат како во подобрување на квалитетот на воздухот, така и во квалитетот на животот во градот генерално. Притоа, Cammeo нема да запре тука од аспект на заштита на животната средина, туку напротив, веќе започна и со електрификација на флотата во Словенија како пилот проект, при што таквата пракса планираме во блиска иднина да ја спроведеме во сите земји каде што Cammeo работи со крајна цел да постигнеме нула емисија на загадување и здрава животна средина.
,,Приказната за Cammeo”
Македонските работници се ценети во светот. Но, за да се успее во бизнисот е потребно нешто повеќе, идеја, услови, храброст... Што е тоа што најмногу придонесе еден Македонец, Владимир Миновски, да успее во бизнисот со Taxi Cammeo во Хрватска. И не само тоа, туку истиот бизнис да го развие и успешно да настапи и на меѓународниот пазар?
- Cammeo, како регионален гигант денеска брои 1.400 вработени и има флота од 900 автомобили. Достапен е во 40 градови и 5 држави. Во последните 14 години стана дел од секојдневието на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Србија и Чешка, а токму поради Cammeo, такси превозот им стана достапен на сите – од ученици и студенти до пензионери. На илјадници патници во овие држави по појавувањето на Cammeo, возењето со такси им стана своевидна дневна рутина. Денес, Cammeo континуирано пишува нови поглавја во својата успешна приказна, а следното ќе го испишеме во Македонија. Конкретно, за почеток на улиците на Скопје.
,,Визијата на Владимир Миновски”
Настапот на нов пазар е дел од визијата на Владимир Миновски, сопственик и генерален директор на Taxi Cammeo, во која е предвидено овој регионален такси-лидер во догледно време да ја заземе водечката позиција на такси картата на Европа.
Владимир Миновски, успешен бизнисмен и визионер во доменот на такси превозот, е инволвиран во развојот на компанијата од самите почетоци во Риека во 2006-та година. Во следните 14 години ги помина сите фази во развојот и растот на овој такси гигант, а последните 6 години е ангажиран како генерален директор.
Како што самиот милува да каже, за успехот во еден дел е заслужна и неговата спортска кариера. Имено, тој 6 години професионално се занимаваше со кошарка, а токму навиките со кои се стекна низ спортот, како што се дисциплината, тимскиот дух и посветеноста, му помогнаа во работата, а му помагаат и денес.
Конкретно, Миновски тврди дека е лесно да се повлече паралела помеѓу бизнисот и спортот. И едното и другото бараат добра подготовка, квалитетни играчи, тактика, добар тренер и желба за победа, а кога сите тие елементи ќе се состават, нема да недостигаат ниту поени, ниту успеси.
Вашиот бизнис е брзорастечки, но непходна е голема инвестиција при настапот на нов пазар, како и соодветен кадар, без кој компанијата би ги загубила својата препознатливост, имиџ и еден од адутите за привлекување задоволни клиенти. Што е тоа што ќе го понудите како инвестиција при настапот на македонскиот пазар?
- Што се однесува до доаѓањето на македонскиот пазар, Cammeo влегува со инвестиција вредна 2 милиона евра и во стартот ќе отвори 250 работни места, од кои 200 за возачи и 50 за менаџмент функции т.н. ,,ладен погон‘‘. Настапот на Cammeo сигурно ќе придонесе за подобрување на економската слика во земјата со оглед на бројката на работни места кои се планира да се отворат. При вработувањето секогаш се дава предност на локалното население и така се придонесува за осигурување на нивната и егзистенција на нивните семејства.
Нови работни места и одлична плата
Ретки се компаниите каде се среќни и работодавачите и клиентите, но и вработените. Која е тајната токму вашата компанија да биде пожелна за вработување? Што е тоа што им го нудите или овозможувате на вработените, а што тешко можат да го најдат на друго место?
- Cammeo од самите почетоци се води од идејата дека компанијата е од луѓето за луѓето. Тоа значи дека еднакво се грижи за вработените, кои ги смета за свое семејство, но и за патниците на кои секогаш настојува да им пружи најдобра услуга. Возачите на Cammeo во Македонија, првите три месеци ќе имаат загарантирано највисока плата во нивната бранша. Освен тоа, ќе им биде понудено и флексибилно работно време, а на располагање ќе имаат логистичка и секаков вид поддршка 24 часа, 7 дена во неделата. Исто така, ќе се погрижиме новите Cammeo-вци да почнат со смените целосно подготвени за да можат својата работа да ја извршуваат квалитетно, сигурно и на крајот да бидат задоволни. При што, истите ќе бидат дел од Cammeo академијата преку добивање на стандардизирана едукација за постигнување на најквалитетни такси услуги. Имено, Cammeo е единствената такси компанија во ЕУ со ИСО 9001 сертификат. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани за работа да се јават преку контакт-образецот на
www.cammeo.mk
Услуга на сосема ново ниво
Вашиот бизнис се соочува со различни и пребирливи клиенти. Сите тие сакаат да го добијат тоа што им е понудено и што го плаќаат. Каква е разликата во услугите што ги нудите Вие во споредба со конкуренцијата, за да бидете пожелен партнер на корисниците?
- Услугата за превоз на Cammeo се води од слоганот кој гласи:,,Каде и да одиш, ние одиме во твојот правец‘‘. Ние нудиме, најдобар и најсигурен такси превоз на кој ќе можат да се потпрат жителите на Скопје и нивните гости, 24 часа дневно, 7 дена во неделата. Cammeo ќе може да се нарача преку call-centar-от и преку апликација на iOS и Android смарт телефони. Освен тоа, нудиме и бројни погодности за патниците, како што е плаќање со картичка преку апликацијата и во возилото, што ќе им го направи возењето безгрижно и уште поудобно.
Владимир Миновски не го крие задоволството заради доаѓањето на новиот пазар, во родната Македонија, а како што вели самиот, тука не е крајот на експанзијата на Cammeo.
- Засега не би открил премногу. Само можам да кажам дека во блиска иднина возилата на Cammeo ќе ги гледате по улиците на уште неколку регионални и европски градови - заклучува Миновски.
Cammeo денеска брои 1.400 вработени и 900 автомобили, а е достапен во 40 градови во 5 држави
Cammeo во старт ќе отвори 250 работни места – со почетна инвестиција вредна 2 милиона евра.
Cammeo на возачите им нуди гарантирана највисока почетна плата во нивната бранша и флексибилно работно време. Повеќе информации има на www.cammeo.mk
(Комерцијална објава)