X
 15.01.2017 Наука

Најголемите мистерии во физиката кои сѐ уште не се решени

Иако научниците до сега се имаат изборено со многу тајни во науката, одговорите на следните неколку прашања во физиката не се познати и ден денес.

Темна енергија

Не можеме да ја видиме и почувствуваме, но можеме да ја тестираме и никој всушност не знае што претставува таа. Научниците сепак сметаат дека темната енергија сочинува околу 70 проценти од вселената. Замислено е да објасни зошто галаксиите забрзано се одвојуваат една од друга. Можете да мислите на неа како на одбивачка гравитација која разделува предмети. Но, како функционира и натаму е мистерија.

Темна материја


Уште една темна супстанца во универзумот, која како и темната енергија не може да почувствува ни да се види. Се разликува од темната енергија. Имено, луѓето успеале да ја набљудуваат само индиректно. Знаеме дека во универзумот мора да постојат повеќе материи отколку што гледаме заради тоа што можеме да ги мериме нејзините гравитациски ефекти, но никој всушност не знае од што се состои оваа мистериозна материја.

fizika
Фото: NASA 

Материја и антиматерија

Постои јасна недоследност помеѓу односот на овие две супстанции. Се претпоставува дека во раната вселена требало да има еднаква количина на материја и антиматерија, но сега вселената е преплавена со обична материја. Постојат многу теории, но за сега ниедна не дава конечен одговор.

Време, напреден марш


Стануваме сѐ постари, а не помлади. Времето тече само во една насока. Но, зошто ние не можеме да ги вратиме нашите часовници?

Живееме во холограм


Оваа мистерија е многу збунувачка. Вселената, она што го гледаме и доживуваме, може да има две просторни димензии. Замислете 2Д холограм, како оној на позадината од кредитната картичка : може да ги содржи сите информации за 3Д сликата, но само во две димензии. Некои научници претпоставиле дека нашиот универзум е како тој холограм на кредитната картичка – просторот изгледа како да се состои од три димензии, но би можело сето она што го гледаме да е проекција од 2Д вселена која се наоѓа надвор од нашата перцепција.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука