X
 14.03.2019 Наука

Неверојатен подвиг на НАСА: Звукот од галаксиите во близина претворен во музика

Во вселената никој не може да го слушне вашиот вресок - е фразата што останува популарна дури и по 40 години од премиерата на филмот „Вонземјанин“ на Ридли Скот.

Иако изреката ве тера да мислите дека нема никој околу вас да ве слушне, вистинската научна причина е затоа што просторот е главно вакуум и без молекулите на Земјата (каде што работите постојано се случуваат) не се случува речиси ништо. Вселената е многу тивка.

Сепак, како што научниците постојано откриваат многу работи, тие успеале да пронајдат начин да создадат музика од вселената меѓу ѕвездите.

Така, НАСА на една од фотографиите направени од вселенскиот телескоп „Хабл“, на која се прикажани многубројни галаксии и ѕвезди, ѝ дала звук.

Како функционира механизмот зад „сонификацијата“ на сликата?

Ѕвездите и компактните галаксии се претставени со кратки и јасни звуци, додека спиралните галаксии се претставени со покомплексни и подолги звуци.

- Времето тече од лево на десно, а фреквенцијата на звукот се менува од дното кон врвот, во опсег од 30 до 1.000 херци - објаснува НАСА.

- Објектите поблиску до дното на фотографијата произведуваат пониски ноти, додека оние поблиску до врвот произведуваат повисоки ноти. Поголемата густина на галаксиите во близина на центарот на сликата резултира со зголемување на тоновите од средниот опсег на половина пат низ видеото.

Едноставно кажано, звукот што го слушате не е снимен. Создаден е од компјутер и едноставно чита од лево надесно. Колку е повисока ѕвездата на сликата, толку е погласен интензитетот. Како што белата линија оди од лево кон десно, така звукот свири како што оди од една на друга ѕвезда.

Иако на почетокот звучи малку морничаво, „сонификацијата“ создава прилично убава мелодија, особено во близина на средината.

Сега буквално можете да слушнете музика од ѕвездите.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука