X
 15.01.2019 Живот

На темната страна на Месечината никнаа растенија

На темната страна на Месечината никнаа растенијата засадени овој месец од кинеската сонда „Чанг Е-4“, што е прв таков случај во историјата на човештвото, соопштија од Кинеската национална вселенска агенција.

 - Ова се добри вести. Овој успех укажува дека можеби во иднина нема да има големи проблеми за астронаутите да одгледуваат свои посеви во контролирани услови на Месечината - изјави австралискиот астроном Фред Вотсон.

Растенија претходно успешно беа засадени на Меѓународната вселенска станица, но ова е првпат на површината на Месечината. Тоа би значело дека астронаутите ќе можат да „произведуваат“ храна и на нашиот природен сателит, но и каде било во вселената.

Кинеските државни медиуми објавија дека се работи за памучно семе.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот