X
 08.11.2020 Живот

Фотограф успеал да ја фати Меѓународната вселенска станица како поминува покрај Сонцето и покрај Месечината

Фотографот Ендру Мекарти е познат по тоа што прави неверојатни астрофотографии од неговиот двор во Сакраменто, Калифорнија. Тој неодамна додаде уште две воодушевувачки слики во своето портфолио од Меѓународната вселенска станица (ISS) додека поминува покрај Сонцето и покрај Месечината.

Со оглед на тоа што Меѓународната вселенска станица поминува покрај Сонцето и Месечината за помалку од секунда од перспектива на некој од Земјата, нејзиното фотографирање со јасен поглед на транзитот не е лесна работа.

1

2

Мекарти прво успеал да ја фати Меѓународната вселенска станица додека транзитира околу Сонцето на 6 октомври.

- Преку мешање на сликите добивам јасна, детална слика од транзитот - вели Мекарти.

Наредната недела, на 14 октомври, Мекарти успеал да ја фати Меѓународната вселенска станица додека поминува покрај Месечината.

3

4

- Поминав многу часови набљудувајќи ја правилната локација, ја поставив опремата покрај патот во надеж дека ќе фатам нешто што не сум го видел досега - вели тој.

Извор: Petapixel.com
Фотографии:  Andrew McCarthy
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот