X
 25.08.2016 Наука

"Налудничавата" идеја на Кина

Кина во моментот истражува дали е изводливо да се изгради посебна радарска станица на Месечината со екипаж кој ќе работи од таму, поради ограничувањата на цените, и колку корисна би била.


Иако проектот кој е финансиран од Владата во висина од 16 милиони јуани започна претходно оваа година, предвидено е да се користи проектот за научни истражувања и следење на одбраната. Исто така може да се користи и за следење на областите на Земјата, како и на подводните и подземни делови.

Кина ќе гради радарска станица на Месечината



Радарската станица би се карактеризирала со радар антена со висина од 50 метри, а ќе вклучува и седиште за специјалните астронаути. Самиот радар ќе биде способен да генерира 1.4 гигабајти податоци во секунда, што ја надминува количината што е на располагање и достапна од долго-оддалечениот опсег во вселенската комуникациска технологија. Од астронаутите ќе се бара на самото место да помогнат во обработка на податоците.



Ова ќе биде исклучително скап зафат, што водечките научници го нарекуваат “налудничава идеја“ или се разгледува друга опција, да се откаже во целост, со предлог шпионските сателити да ги извршуваат истите задачи со дел од финансиските средства.


Кинеската Влада наводно е во потрага по значителен чекор напред на разработување на  план со пристигнувањето на 2020 година, што е и краен рок за финалниот извештај на одговорниот тим. 

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука