X
 07.03.2019 Живот

Селфи со Земјата на оддалеченост од 37.600 километри од неа

Израелскиот вселенски брод „Берешит“ направи импресивно селфи на кое во заднината може да се види планетата Земја.

„Спејс Ај-Ел“, приватната израелска вселенска компанија која го лансира бродот, ја објави фотографијата на „Твитер“. Таа беше направена на оддалеченост од 37.600 километри од Земјата и на неа јасно може да се види Австралија.

Леталото беше лансирано на 21 февруари од космодромот „Кејп Канаверал“ во Флорида, на ракетата „Фалкон 9“. Ова е првпат приватен вселенски брод некогаш да бил лансиран од Земјата.

Сериозен дефект на чувствителен навигациски систем откриен минатата недела ги загрижи вработените во компанијата, но главните мотори на леталото се активираа како што се очекуваше. Исто така, беше утврдено дека последователно неочекувано ресетирање на компјутерот било предизвикано од космичката радијација.

Ако сè оди според планот, „Берешит“ ќе слета на Месечината околу 11 април.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот