X
 15.01.2019 Култура

„Оскарите“ остануваат без водител?

Американската академија на филмски уметности и наука е на чекор да повтори една од најрадикалните интервенции во историјата на доделувањето на своите награди.

Продуцентите ќе изберат познати ѕвезди кои ќе имаат скечови и музички настапи со кои ќе покријат различни сегменти за време на церемонијата на доделување на „Оскарите“. Оваа одлука била донесена откако актерот Кевин Харт, претходно избран за водител, одлучи да се повлече поради тоа што на социјалните мрежи беше критикуван за неговите хомофобични твитови стари десетина години.

Концептот за домаќин, односно водител, ги подели луѓето од врвот на Академијата и продуцентите што ја подготвуваат церемонијата за тоа дали да има или да нема водител.

Еден медиумски магнат истакнува дека тоа би можело да има потенцијално фатални последици бидејќи домаќините најчесто се најголемата мамка за публиката кога станува збор за толку гламурозни ТВ-преноси, нешто како диригент или машиновозач кој управува со возот.

Досега само еднаш „Оскарите“ биле без водител - пред точно 30 години. Токму тие „Оскари“ се помнат по лошо - продуцентот Алан Кар и режисерот Џеф Марголис создале 11-минутна музичка нумера наместо воведниот монолог, во која била вклучена и верзијата „Proud Mary“, дует на Снежана и Роб Лоу, кој глумецот и понатаму се обидува да го заборави.

Номинациите за Оскар ќе бидат објавени за две недели, а доделувањето ќе се одржи на 24 февруари.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура