X
 23.06.2020 Култура

По „Оскарите“, одложени и филмските награди „Златен глобус“

Свеченото доделување на филмските награди „Златен глобус“ ќе се одржи на 28 февруари, oколу 8 недели пред 93. издание на „Оскарите“, а не во првата недела од јануари како што вообичаено се одржува.

Редовниот ритам на холивудската филмска индустрија целосно е нарушен поради пандемијата на коронавирусот и ги испразни киносалите во текот на изминатите три месеци.

Новиот датум за „Златен глобус“ беше оригинален датум за „Оскарите“ за 2021 година. Ова значи дека резултатите од „Златен глобус“ би можеле да влијаат врз гласањето за номинациите за „Оскар“, бидејќи процесот ќе почне по 5 март.

Академијата за филмска уметност, која го организира доделувањето на „Оскарите“, минатата недела најави дека ќе ги ублажи критериумите за да овозможи за наградата да конкурираат повеќе филмови објавени на филмските платформи.

Извор: Variety.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура