Церемонијата за доделување на овогодишните „Оскари“ ќе се одржи викендов, а гласањето за наградите веќе е завршено. Академијата за филмски уметности и науки изминатата година имала 8.000 члена што гласале за овие награди, а повеќето од нив не откриваат за кого гласале. Но, има некои што јавно ги изнесуваат своите мислења за номинираните филмови.
„Холивуд репортер“, „Индивајр“ и „Лос Анџелес тајмс“ неодамна објавиле неколку мислења на анонимни гласачи за овогодишните номинирани филмови.
„Форд против Ферари“
- „Форд против Ферари“ беше навистина забавен и уживав и бев изненаден од него. Изведбите беа добри, беше многу забавен, неверојатно добро направен, но ја нема истата тежина како и другите - изјавил еден гласач.
„Ирецот“
- Не можам да гласам за Марти - никој не сака да го каже тоа, но едноставно не е толку добар - изјавила една гласачка. Нарекувајќи го филмот „здодевен“ и „премногу долг“, таа кажала дека обратното стареење во „Ирецот“ беше лошо - го одвлекуваше вниманието.
„Зајакот Џоџо“
- Станува збор за амбициозен импресивен филм кој нема шанси за победа - кажал еден гласач.
„Џокер“
Една гласачка изјавила дека изведбата на главниот актер била фантастична. „Комплицирана. Вознемирувачка. Потресна“. Но, таа мисли дека Адам Драјвер би можел да го игра Џокер исто толку добро како и Хоакин Финикс, но Финикс не би можел да го одигра ликот на Драјвер во „Брачна приказна“.
Фото: Pixabay
„Мали жени“
- „Мали жени„ беше лошо одигран и збунувачки и не знам зошто четири британски актерки играат американски девојки. Секогаш кога кажуваа дека се сиромашни, се смешкав - живеат во прекрасна куќа на два ката и имаат готвач - изјавила една гласачка.
„Брачна приказна“
- Не постои режисер што не е на Бродвеј или актерка што не е на Бродвеј, а живеат во убава куќа и немаат работа - ако еден актер што не е на Бродвеј заработува 150 долари неделно, тоа е многу - изјавила една гласачка.
„Беше еднаш во Холивуд“
- Многу сум разочарана од номинациите. Центрирањето на мажите е навистина депримирачко за мене. Толку сум уморна од тоа жените да се убиваат како на шега или жените речиси да не зборуваат или да не се појавуваат - кажала една гласачка.
„Паразит“
Една
гласачка го оценила овој филм како „прекрасно направен“, додавајќи дека смета дека странските филмови не треба да бидат номинирани со другите филмови.
„Неограничени скапоцености“
- Многу ми е жал што не можам да гласам за Адам Сендлер. Неговата изведба во „Неограничени скапоцености“ беше убедливо најдобра годинава, според мене - изјавил еден гласач.
Фото: Pixabay