X
 15.01.2020 Економија

Компјутерска програма од 78.000 евра: Словенците можат онлајн да ја следат состојбата на државниот буџет

Словенците што се интересираат за тековното следење на приходите и расходите во буџетот ќе можат да ги видат најновите податоци и целосниот преглед за тоа колку ги чинела државата во последните 10 години.

Како што наведуваат словенечките медиуми, ќе можат брзо да ја проверат динамиката на уплата во државниот буџет и каде е потрошено секое евро, не само на државно ниво, туку и кога станува збор за општините и регионите.

- Целта е поголема транспарентност на приходот и трошењето, за луѓето да можат да видат дека за даноците што ги плаќаат добиваат нешто - изјави Саша Јазбец, државна секретарка во министерството за финансии.

pari

Специфичноста на интерактивниот графички приказ на државните приходи и расходи е и тоа дека податоците се ажурираат секој ден, така што на дневна основа може да се следи колку државниот буџет заработил за еден ден и колку било потрошено од него, а достапни се и податоци за последните 10 години.

Проектот овозможува да се добијат податоци за планираните најголеми инвестициски вложувања, па од прикажувањата се гледа дека на капиталната инвестиција за изградба на втора пруга Копер-Дивача до 2023 година ќе бидат потрошени 1,2 милијарда евра, а на изградба на автопат во Словенија досега биле потрошени 8,2 милијарди евра.

Изработката на програмата и графичкиот приказ чинеле 78.000 евра, а во тоа учествувале и студенти од љубљанскиот Факултет за електротехника и компјутери.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија