Анализата на Форбс за листата на најбогати 100 луѓе во светот, која посебно обрна внимание на образованието, открива кои факултети се најзастапени меѓу милионерите и милијардерите и колку од нив воопшто немаат високо образование.
Идните студенти кои мечтаат да станат милионери треба да се запишат на машински факултет, покажуваат најновите анализи на Форбс.
Дипломците на машински факултет се и најбогатите меѓу своите богати врсници, при што нето вредноста на нивното богатство во просек изнесува 25.8 милијарди долари.
Повеќе од петтина (22%) од најбогатите луѓе на светот го завршиле овој факултет, а меѓу луѓето со ваква диплома има два пати повеќе милијардери отколку меѓу економистите, кои се втори на списокот.
12% од богаташите завршиле студии по економија, додека 9% од богатите луѓе завршиле некои уметнички факултет. Само 4% од луѓето кои се наоѓаат на листата на 100 најбогати студирале математика и природни науки. Но, дури третина од најбогатите луѓе на светот воопшто немаат диплома.
Бил Гејтс, најбогатиот човек во светот, кој располага со богатство од 79 милијарди долари ги прекинал неговите студии на Харвард, исто како и Марк Цукерберг, најмладата богата личност на листата, кој „тежи“ 33.4 милијарди долари.