X
 15.01.2020 Живот

Турција ја укинува забраната за „Википедија“

По пресудата на турскиот Уставен суд, од денеска треба да се укине забраната за „Википедија“ во оваа земја. Судот пред извесно време одлучи дека блокадата на интернет-енциклопедијата во Турција, која трае веќе две години, претставува кршење на слободата на изразување.

Пресудата на Уставниот суд, објавена во „Службен весник“, го отвора патот за укинување на забраната воведена во април 2017 година поради напис во „Википедија“ со кој Турција се поврзуваше со терористички организации.

Пристапот до страниците на „Википедија“ ќе биде овозможен откако пресудата, која беше донесена со десет гласа „за“ и шест „против“ на уставните судии, и официјално ќе биде проследена до Агенцијата за надзор врз телекомуникациите.

Укинувањето на забраната од Уставниот суд го побара Фондацијата „Википедија“, непрофитната организација која одржува страници со онлајн-енциклопедии.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот