И денес на прв поглед изгледа како место од бајките, но неговата судбина сега е сосема неизвесна. Дали овој град на духови некогаш ќе биде населен од луѓе?
Во местото Бурџ ел Бабас, на половина пат меѓу Истанбул и Анкара, „Сарот груп“ од Дубаи започна проект вреден 200 милиони долари. Поради големи долгови, компанијата отиде во стечај, а проектот беше прекинат.
Арапите имаа намера да изградат град со 732 идентични дворци за инвеститори од Блискиот Исток. Куќите се изградени во готски стил, а нивната цена се движи меѓу 370 и 530 илјади долари.
Проектот почна добро, но компанијата кон крајот на минатата година прогласи стечај и оваа необична населба се претвори во град на духови. Во тој момент биле
довршени 587 куќи.